GTA 6 ПРИСТИГНУВА НА 19 НОЕМВРИ Новата игра ќе зафаќа дури 212 GB, а играчите ги очекува враќање во легендарниот Вајс Сити
Играта ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 5 Pro и Xbox Series X/S. Засега нема потврден датум за PC-верзијата, а нема да биде достапна за постарите конзоли PlayStation 4 и Xbox One.

Компанијата Rockstar Games го најави 19 ноември 2026 година како официјален датум за премиерата на долгоочекуваната видеоигра Grand Theft Auto 6 (GTA 6). Верзијата за PlayStation 5 ќе бара дури 212 GB слободен простор, што претставува сериозен предизвик за корисниците со основни модели на конзолата.
Дејството ќе се одвива во измислената американска држава Леонида, инспирирана од Флорида, со главен акцент на Вајс Сити. Приказната ќе ги следи Лусија Каминос, која неодамна излегла од затвор, и Џејсон Дивал, поранешен војник. Двајцата партнери ќе се најдат во центарот на криминална приказна по неуспешен грабеж.
Играта ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 5 Pro и Xbox Series X/S. Засега нема потврден датум за PC-верзијата, а нема да биде достапна за постарите конзоли PlayStation 4 и Xbox One.
GTA 6 ќе понуди голем отворен свет со плажи, автопати, рурални предели и динамични активности. Музиката ќе биде важен дел од искуството, со композиции од француското електронско дуо Justice и изведувачи како Tame Impala, SZA и Gesaffelstein.
Очекувањата се огромни, особено по успехот на GTA 5, која досега е продадена во повеќе од 230 милиони примероци ширум светот. Новото продолжение треба да биде еден од најголемите настани во гејмерската индустрија.

