МИСТЕРИЈА ОКОЛУ БЕГСТВОТО НА ИВА МИХАЈЛОВА Нема трага од неа на граничните премини и безбедносните камери

Министерот нагласи дека ниту еден од безбедносните системи во земјава не го регистрирал нејзиното движење од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до нејзиното појавување во бугарските медиуми.

МИСТЕРИЈА ОКОЛУ БЕГСТВОТО НА ИВА МИХАЈЛОВА Нема трага од неа на граничните премини и безбедносните камери

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова од Кочани не утврдила нејзино регистрирано преминување на македонските гранични премини, ниту движење забележано на безбедносните камери во критичниот период, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител.

Според Тошковски, и бугарската гранична полиција првично потврдила дека нема евиденција за нејзин влез или излез од Бугарија во текот на 2026 година.

Министерот нагласи дека ниту еден од безбедносните системи во земјава не го регистрирал нејзиното движење од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до нејзиното појавување во бугарските медиуми.

Тој ги отфрли и шпекулациите за наводна вмешаност на полициски службеници во нејзиното заминување, посочувајќи дека досегашните сознанија не укажуваат на такво нешто.

Според Тошковски, клучното прашање на кое истрагата треба да даде одговор е како Михајлова ја напуштила државата, имајќи предвид дека засега нема докази дека легално ја преминала границата преку официјален граничен премин.

CATEGORIES
Share This