ЧЕСТИТКА СО ПОРАКА – Мицкоски му честиташе победа на Маѓар, проговори за можен повраток на Груевски
Политичките промени во Унгарија ја отвораат дилемата за нови регионални односи.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Петер Маѓар по неговата победа на парламентарните избори во Унгарија, изразувајќи очекување дека новата влада во Будимпешта ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија.
Во изјава за медиумите, Мицкоски нагласи дека од политичките промени во Унгарија очекува континуитет во однос на македонските државни интереси и поддршка на патот кон Европската Унија. Тој додаде дека се надева на проевропски и интегративни политики од новото раководство.
Во одговор на новинарско прашање за можен повраток на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во азил во Будимпешта, Мицкоски изјави дека нема конкретни очекувања за негово враќање. Тој потсети дека постои судска одлука за издржување казна, а доколку Груевски се врати, ќе има право да ги користи сите правни механизми како и секој друг граѓанин.
