ДРАМА ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА – Македонија со гол во финишот го урна Бразил

Публиката во Скопје сведочеше на вистински ракометен трилер.

ДРАМА ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА – Македонија со гол во финишот го урна Бразил
Фото: Принтскрин

Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје, откако во драматичен четвртфинален натпревар ја совлада селекцијата на Бразил со 19-18.

Средбата беше исклучително неизвесна од почеток до крај. Нашите ракометарки на полувреме имаа минимална предност од 11-10, која успеаја да ја задржат и во вториот дел, покажувајќи смиреност и борбеност во клучните моменти.

Најефикасни во македонскиот состав беа Ања Лашкоска со пет постигнати голови и Ивана Трифуноска со четири.

Со оваа победа, Македонија го продолжува совршениот учинок на првенството, откако во групната фаза оствари убедливи триумфи над Белгија, Грузија и Словачка.

CATEGORIES
Share This