111 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ – Бачев со моќна порака, да ги надминеме делбите и да се обединиме на Македонски
Македонија се сеќава на херојот кој не смее да се заборави.

Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев се осврна по повод 111 години од убиството на големиот македонски револуционер Јане Сандански кој храбро го положи животот за слободна и независна Македонија.
– „Голема е нашата обврска да го одржуваме жив споменот на Јане Сандански и на сите славни Илинденци, храбрите Македонци, и на нивната борба за слободна и независна Македонија.
Јане пред повеќе од сто години изговори една легендарна мисла: „Да живееш значи да се бориш-роб за слобода, а слободниот за совршенство“.
Ние како Македонци сме денеска некаде на средината од оваа мисла на славниот Јане Сандански. Но, нашето совршенство ќе го постигнеме само ако го обезбедиме нашето единство како во матичната земја Македонија така и во другите делови на Македонија каде живеат Македонците, односно, да ги надминеме делбите и да се обединиме на Македонски.
Ние можеме да имаме милиони причини, историски и наметнати, политички и економски, реални и ирационални за делби и поделби. Една, единствена мисла е заедничка за сите нас – љубовта кон Македонија! Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите сегашни проблеми и отвораме простор за иднината на нашата единствена татковина Македонија.
Јане Сандански е еден од преживеаните Илинденци, за време на својот живот беше сведок на трагичната поделба на Македонија во Букурешт во 1913, меѓутоа, браќа и сестри Македонци и Македонки, денес зидовите на поделби се рушат, меѓународните околности се менуваат и во тие рамки веруваме дека и ние ќе ги оствариме нашите македонски интереси“ – порачува Бачев.

