ЧЕТИРИ ПРАВИЛА ШТО МОЖАТ ДА ГО ПРОМЕНАТ БЛИСКИОТ ИСТОК – Си Џинпинг изненади со порака
Кинескиот претседател со нова дипломатска иницијатива за стабилизација на регионот

Кинескиот претседател Си Џинпинг изнесе четири предлози за зачувување на мирот на Блискиот Исток, кои опфаќаат почитување на суверенитетот на државите и усогласување на безбедносниот и развојниот аспект, објави Кинеската централна телевизија.
Предлозите вклучуваат почитување на принципот на мирен соживот, заштита на државниот суверенитет на земјите во регионот, почитување на меѓународното право и координација меѓу безбедноста и развојот.
Според него, неопходно е да се зачува авторитетот на меѓународното право и да се спречи враќање кон „законот на џунглата“ во меѓународните односи.
„Безбедноста е предуслов за развој, а развојот е гаранција за безбедност. Сите страни треба да создадат поволна средина и да насочат позитивна енергија кон развојот на земјите од Заливот и поширокиот Блиски Исток“ – истакна Си Џинпинг.
Кинескиот лидер ги претстави овие предлози на средбата со престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Халед бин Мохамед Ал Нахјан, во Пекинг.
