ВЕНС БРУТАЛНО МУ ПОРАЧА НА ИРАН – Топката е кај вас, следува ли ескалација?
Вашингтон тврди дека разговорите во Исламабад донеле делумен напредок и покрај неуспехот.

Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс изјави дека „топката е во дворот на Иран“ по застојот во мировните преговори кои биле посредувани од Пакистан, додавајќи дека не се согласува со оценките дека разговорите во Исламабад биле неуспешни и дека, според него, бил постигнат значаен напредок.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс нагласи дека Иран има клучна улога во понатамошниот развој на настаните на Блискиот Исток.
Тој истакна дека САД се во поволна позиција, но дека следните чекори зависат од Техеран.
Според него, Вашингтон располага и со воена предност, како и со дополнителен економски притисок, вклучително и мерки поврзани со извозот на иранска нафта преку Ормутскиот теснец.
Венс додаде дека САД имаат „повеќе адути“ и дека ќе се види како Иран ќе реагира на актуелната ситуација.
Тој посочи дека викенд-преговорите биле „корисни“ и помогнале да се разјаснат американските приоритети, меѓу кои и прашањето за безбедноста и отвореноста на Ормутскиот теснец, важна глобална рута за транспорт на нафта.
Сепак, преговорите, како што рече, не биле завршени затоа што на иранската страна и требало дополнителни консултации во Техеран за да добие одобрение за предложените услови.
Венс исто така обвини дека Иран применува економски притисок врз глобалната трговија преку закани поврзани со пловидбата низ Ормутскиот теснец, додавајќи дека САД ќе реагираат на таквите потези.
