ВУЧИЌ ПРИЗНА ПОРАЗ, А ПОТОА УДРИ ПО СИТЕ Лажеа за сè
По изборниот резултат, започнаа прослави на улиците, а се уриваат и шаторите на неговите поддржувачи во паркот Пионирски.

По објавувањето на изборниот поарз, осврнувајќи се на шпекулациите дека би можел да ја напушти земјата, Вучиќ ги отфрли ваквите тврдења како неосновани. Тој ги обвини своите политички противници дека ширеле невистини за неговите намери, како и за повеќе контроверзни случаи, меѓу кои аферата со звучниот топ и случајот познат како „Сараево сафари“.
„Ќе имаме 105 до 106 пратеници и ќе се бориме и ќе им покажеме што е опозиција“, рече Вучиќ.
Тој додава дека очекува Српската напредна партија да остане обединета и покрај можните заминувања на дел од поддржувачите. Тој нагласи дека е горд на постигнатото во периодот кога СНС беше на власт и порача дека партијата е подготвена да продолжи со политичката борба од опозициските клупи.
Вучиќ изборниот резултат го опиша како „верификација на револуцијата“, за која тврдеше дека била спроведена со поддршка на одредени европски земји и структури во САД кои, според него, му се спротивставуваат на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој истакна дека не се точни тврдењата оти неговата политичка коалиција нема да ги признае изборните резултати.
Вучиќ, исто така, рече дека листата околу СНС остварила победи во средини со српско население во регионот, вклучително и во Република Српска, Црна Гора, Северна Македонија и Косово, без притоа да ги презентира конечните резултати за овие тврдења.
По објавувањето на изборните резултати, на улиците во Србија започнаа прослави на поддржувачите на студентската листа. Симболичен пресврт претставува и уривањето на шаторите во паркот Пионирски, каде што поддржувачите на Вучиќ престојуваа околу година и пол. По изборниот пораз, полицијата се повлекла од локацијата, а шаторите почнале да се отстрануваат.
Изборите, според објавените процени, забележале највисока излезност во речиси три децении, во период обележан со долготрајни протести и политичка поларизација. Иако Вучиќ го призна поразот врз основа на првичните процени, конечната распределба на мандатите треба да биде утврдена со официјалните изборни резултати.
Инаку, поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, кој беше носител на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, го призна поразот на парламентарните избори во неделата, оценувајќи дека победата ја однела студентската листа. Во обраќање во живо на РТС, Вучиќ рече дека сè уште нема конечни резултати, но дека првичните процени покажуваат убедлива предност на противничката листа.
„Сакам да ве информирам дека листата на студентската блокада победи. Тие ќе имаат помеѓу 135 и 140 мандати, ние имаме околу 105“, изјави Вучиќ.
Според неговите процени, студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека листата предводена од него добила приближно 1,72 милиони гласови.
ШОК ВО СРБИЈА Вучиќ призна пораз, студентите освојуваат до 140 мандати

