ШОК ВО СРБИЈА Вучиќ призна пораз, студентите освојуваат до 140 мандати
Вучиќ призна дека неговата листа ги загубила изборите, а „Студентската листа е на пат да освои меѓу 135 и 140 пратенички мандати.

Носителот на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, Александар Вучиќ, вечерва призна дека неговата листа ги загубила денешните вонредни парламентарни избори во Србија, оценувајќи дека победата ја однела „Студентската листа. Според неговите процени, студентската листа ќе освои меѓу 135 и 140 пратенички мандати, додека листата предводена од него ќе има околу 105 мандати. Во парламентот, како што најави, ќе влезе и Сојузот на војводинските Унгарци.
Говорејќи во седиштето на Српската напредна партија (СНС), Вучиќ нагласи дека сè уште нема конечни изборни резултати, но дека стратифицираниот примерок покажува оти неговата листа е поразена.
„Немаме конечни резултати. Многумина ќе бидат изненадени, а ќе разберете колку некои лажеле и што измислиле. Сакам да ве информирам дека победил списокот на студентите-блокатори. Тие ќе имаат помеѓу 135 и 140 мандати, ние имаме околу 105“, изјави Вучиќ.

