ЌЕ УДРИМЕ ДИРЕКТНО ВО РУСИЈА Страшно предупредување од врвот на германската армија

Германскиот воен врв испраќа силна порака до Москва за подготвеноста на НАТО.

ЌЕ УДРИМЕ ДИРЕКТНО ВО РУСИЈА Страшно предупредување од врвот на германската армија
Фото: Принтскрин

Германија е целосно подготвена да реагира на евентуален руски напад врз НАТО, изјави генерал-потполковник Холгер Нојман, началник на германските воздухопловни сили, во интервју за британскиот „Телеграф“.

Тој порача дека во случај на конфликт Алијансата ќе одговори одлучно и ќе ја брани секоја педа од својата територија.

„Доколку дојде до конфликт а се надеваме дека никогаш нема ќе го браниме секој сантиметар од нашата територија“, рече Нојман.

Тој нагласува дека нема „различни нивоа на безбедност“ во НАТО.

Во своите изјави, тој посочи дека во случај на руска агресија можни се удари врз клучни воени региони во Русија, вклучувајќи ја областа Кола, Калининград, Санкт Петербург и Црноморскиот регион, поради нивното стратешко значење.

Нојман додаде дека Германија, заедно со сојузниците, инвестира значајни средства во модернизација на воздушната одбрана, вклучувајќи системи како „Патриот“, „ИРИС-Т“ и „Аров 3“, со цел зајакнување на одбранбените капацитети на НАТО.

Тој нагласи дека и покрај слабостите во минатото, германските вооружени сили денес се подготвени за брза реакција, но предупреди дека Русија не треба да се потценува, посочувајќи на нејзиното воено искуство и развој во текот на војната во Украина.

„Правило број еден е: никогаш не го потценувај противникот“, истакна тој.

Нојман, кој е поранешен пилот на „Торнадо“ и „Еурофајтер“, ја нагласи и важноста на трансатлантската соработка и улогата на НАТО во европската безбедност.

ПУТИН Е ПРВ НА ЛИСТАТА – Германија со новата стратегија подготвува воена машинерија од 460.000 војници

CATEGORIES
TAGS
Share This