МОЖНА РЕАКТИВАЦИЈА НА ЕПСКИ ГНЕВ – Пентагон подготвува нов удар врз Иран

Шокантни планови за воздушни напади и специјални сили – светот пред нова ескалација.

МОЖНА РЕАКТИВАЦИЈА НА ЕПСКИ ГНЕВ – Пентагон подготвува нов удар врз Иран
Фото: Принтскрин

Пентагон има изработено планови за евентуално обновување на воените операции против Иран, кои вклучуваат поинтензивни воздушни напади и можност за распоредување на американски специјални сили, објави „Њујорк тајмс“.

Според весникот, американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за следните чекори по неговите неодамнешни дипломатски разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Пентагон разгледува и опција за реактивирање на операцијата „Епски гнев“, која претходно била ставена во мирување по прогласувањето на прекин на огнот.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет информирал пред Конгресот дека САД имаат подготвени планови за можна ескалација, како и алтернативи за повлекување на силите од регионот доколку тоа биде потребно.

Меѓу разгледуваните опции е и засилено бомбардирање на ирански воени и инфраструктурни цели, како и испраќање специјални сили со задача да преземат контрола врз нуклеарен материјал во објектот во Исфахан.

Според истиот извор, уште во март биле распоредени неколку стотици американски специјални сили на Блискиот Исток, како дел од подготовките за вакви сценарија.

Од иранска страна, претставниците предупредуваат дека земјата е подготвена да одговори на секоја евентуална агресија.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Техеран е „подготвен за сите опции“.

„Нашите вооружени сили се подготвени да нанесат соодветен одговор на секоја агресија. Погрешните одлуки носат погрешни последици. Подготвени сме за сите сценарија и ќе изненадиме многумина“, порача Калибаф на социјалните мрежи.

Според американски воени претставници цитирани од весникот, во регионот се распоредени повеќе од 50.000 американски војници, како и два носачи на авиони, разорувачи и борбени авиони, кои остануваат во состојба на висока готовност за можни операции против Иран.

CATEGORIES
Share This