ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБА – Малолетници се обиделе да запалат летниковец
СВР Скопје презема мерки за идентификација и пронаоѓање на двете малолетни лица.

Фото: Принтскрин
Полицијата трага по две малолетни лица кои вчера се обиделе да предизвикаат пожар во парк-шумата Гази Баба во Скопје.
Случајот бил пријавен од граѓанин кој, заедно со уште неколку лица, успеал да го изгаси дел од опожарениот летниковец.
„На 15.05.2026 во 19:47 часот во СВР Скопје, А.В. пријавил дека во парк-шумата Гази Баба две малолетни лица запалиле дел од летниковец. Пожарот бил локализиран од страна на граѓани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите“, соопшти МВР.
CATEGORIES Македонија
