СИНОТ НА МАДУРО ПРОГОВРИ – Татко ми дели ќелија со 18 луѓе

Синот откри детали за условите во американскиот притвор.

СИНОТ НА МАДУРО ПРОГОВРИ – Татко ми дели ќелија со 18 луѓе
Фото: Принтскрин

Собраниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во притвор во САД и се соочува со судење во Њујорк по обвиненија за шверц со дрога и оружје, е сместен во заедничка ќелија со 18 други затвореници, тврди неговиот син, Николас Мадуро Гера.

Според неговата изјава за „Шпигел“, Мадуро од Велигден е во заеднички притворен простор каде што дел од затворениците зборуваат шпански, што му овозможува комуникација. Тој, како што наведува семејството, гледа телевизија, учи англиски и чита Библија.

Синот на Мадуро наведува дека неговиот татко се обидува да се прилагоди на условите во притворот и дека голем дел од времето го поминува во читање и разговор со останатите затвореници.

Мадуро и неговата сопруга негираат вина. Според обвинението, тие се товарат за учество во шверц и организиран криминал, а процесот во Њујорк продолжува со засилено медиумско внимание.

CATEGORIES
TAGS
Share This