10 ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА САМО 24 ЧАСА – Меѓу нив и малолетници

Малолетници, возење без дозвола и алкохол зад воланот меѓу најчестите прекршоци.

10 ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА САМО 24 ЧАСА – Меѓу нив и малолетници
Фото: Принтскрин

Во текот на изминатите 24 часа, на територијата на целата држава, полициските службеници лишија од слобода вкупно 10 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.

Според информациите, петмина возачи управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници. Четворица биле затекнати како возат под дејство на алкохол, додека еден возач се движел во забранета насока.

Без возачка дозвола управувале возачи во Тетово (едниот малолетник), Неготино, Битола и прилепскиот регион (исто така малолетник).

Под дејство на алкохол биле затекнати возачи во Скопје, Кавадарци, Охрид и Кичево.

Во Битола е регистриран и случај на возење во забранета насока.

По целосно документирање на сите случаи, против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

CATEGORIES
Share This