СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА – Зимски услови, сите државни патишта проодни

Екипите на „Македонија пат“ се на терен, сообраќајот се одвива без поголеми проблеми

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА – Зимски услови, сите државни патишта проодни
Фото: Национал

Денеска (24.01.) сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа на влажни коловози. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани, со расположлива механизација и работна сила, и континуирано работат на терен на расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се повикуваат на внимателно и совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот. Се препорачува и редовно информирање преку информативните центри за актуелната состојба на патиштата.

Има намалена видливост поради магла на патните правци Тетово – Попова Шапка: 30-40 метри, Делчево – Пехчево: 50-100 метри, Куманово – Крива Паланка: 100-150 метри, Планински превои Ѓавато и Пресека: 100-150 метри и Плетвар до 50 метри.

Од 15 ноември 2025 до 15 март 2026 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на временските услови.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира на прилагодена брзина и зголемена внимателност, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои опасност од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This