АДРЕНАЛИН, ХИТОВИ И МАГИЈА – Кконцерт на Јован и Елвир што нема да се повтори

Врати се во времето на првите љубови и дискотеки до зори

АДРЕНАЛИН, ХИТОВИ И МАГИЈА – Кконцерт на Јован и Елвир што нема да се повтори
Фото: Принтскрин

На 6 јуни, арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во музички времеплов што ќе ја одбележи 2026-та година на македонската сцена! Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ве покануваат на незаборавно патување низ најубавите денови на македонската музика.

Со хитовите на Јован и Елвир, концертот ќе врати цела една генерација во младоста, додека помладите ќе имаат можност да се запознаат со песни како „Итно ми требаш“, „Некаде после 2“, „Лоша девојка“, „Опасно“ и „Слаба точка“.

Неизбежен момент ќе биде и изведбата на „Адреналин“, песната што двајцата долгогодишни пријатели и соработници ја промовираа кон крајот на 2025 година.

Овој концерт нема да има реприза – секој билет е повеќе од влезница. Тој е билет за враќање во минатото, за сеќавање на првите љубови, незаборавните излегувања и забавите до зори.

Билетите се веќе во продажба на www.mktickets.mk – обезбедете го вашето место и доживејте магијата на македонската музика во живо!

CATEGORIES
Share This