БАЧЕВ НА ТВ 24: Кој ја „грабна“ Ива Михаилова, кој ги зема изборните милиони и што мора да побара Македонија од Брисел?

Претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, во емисијата „Студио 10“ говореше за „грабнувањето“ на Ива Михилова, иницијативата за одземање на македонското државјанство, финансирањето на изборите и што и треба на Македонија во Брисел.

БАЧЕВ НА ТВ 24: Кој ја „грабна“ Ива Михаилова, кој ги зема изборните милиони и што мора да побара Македонија од Брисел?
Фото: Принтскрин

Претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, денеска, четврток, 15 октомври 2026 година, гостуваше во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24, на повеќе актуелни политички и општествени прашања.

Во фокусот на разговорот беше случајот со Ива Михаилова и нејзиното заминување во Бугарија, кое во јавноста предизвика бројни реакции и отвори прашања за постапувањето на македонските и бугарските институции.

Една од темите беше и иницијативата за одземање на македонското државјанство, како и правните и политичките аспекти на ова прашање.

Бачев говореше и за финансирањето на изборните процеси, со посебен акцент на прашањето кој ги добива милионските средства наменети за изборите и како се распределуваат парите во политичкиот систем.

Во емисијата беше отворено и прашањето за европската интеграција на Македонија, односно што е потребно државата да побара и да обезбеди од Брисел во контекст на преговорите со Европската унија.

Гостувањето опфати повеќе прашања поврзани со македонските национални интереси, односите со Бугарија, политичките процеси и иднината на Македонија.

Целата емиисја може да ја погледнете на видеото:

CATEGORIES
TAGS
Share This