ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Почувствуван потрес меѓу Тетово и Гостивар

Потресот со јачина од 2,8 степени е регистриран во 16:10 часот, на длабочина од околу 10 километри, западно од Тетово.

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Почувствуван потрес меѓу Тетово и Гостивар
Фото: Принтскрин

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар.

Според првичните податоци од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот се случил денеска во 16:10 часот.

Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планински предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар.

Потресот се случил на длабочина од околу 10 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

CATEGORIES
Share This