ЗЕЛЕНСКИ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР ПО НОВИОТ РУСКИ НАПАД – САД имаат можност да одговорат силно
Во ракетниот напад врз Киев загинаа две лица, а украинскиот претседател порача дека притисокот врз Москва мора да биде посилен.

Фото: Принткрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди новиот руски ракетен напад врз Киев, во кој рано утрово загинаа две лица, оценувајќи дека нападите продолжуваат бидејќи притисокот врз Москва сè уште не е доволен.
„Секој ваков напад се случува затоа што притисокот врз агресорот не е целосен, а Русија смета дека може да продолжи да се потпира на балистичкиот терор“, напиша Зеленски на „Телеграм“.
Украинскиот претседател во моментот се наоѓа во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.
Според Зеленски, САД во овој момент имаат можност да одговорат силно на руските напади.
CATEGORIES Свет

