ПОЧИНА НАПАЃАЧОТ ВО КРАКОВ Шестмина убиени на главниот плоштад, пронајдени и телата на неговите родители и сестра

Нападот се случил во саботата, кога напаѓачот од автомобил во движење отворил оган на главниот плоштад во Краков, при што загинале шест лица, а повеќе биле повредени.

ПОЧИНА НАПАЃАЧОТ ВО КРАКОВ Шестмина убиени на главниот плоштад, пронајдени и телата на неговите родители и сестра

Дваесет и четиригодишниот маж кој изврши вооружен напад во полскиот град Краков почина во понеделникот наутро во болница од повредите здобиени при полициската акција за негово совладување, соопшти полицијата.

Нападот се случил во саботата, кога напаѓачот од автомобил во движење отворил оган на главниот плоштад во Краков, при што загинале шест лица, а повеќе биле повредени.

Подоцна, во семејна куќа во градот Островјец Свјентокшиски биле пронајдени мртви неговите татко, мајка и сестра. Полицијата се сомнева дека и нив ги убил напаѓачот.

Полските власти го истражувале случајот како можен терористички чин. Министерот за внатрешни работи изјави дека осомничениот имал радикални ставови и бил фасциниран од крајнодесничарски идеологии.

Меѓу жртвите има и двајца странски државјани – од Велика Британија и Австрија. Меѓу повредените има и државјани на Германија, Велика Британија, Португалија, Австрија и Русија.

CATEGORIES
Share This