ТРАМП ГО КАНИ ПУТИН ВО АМЕРИКА Рускиот претседател доби покана за самитот на Г20

Кремљ потврди дека поканата е примена и дека Москва ќе ја разгледа.

ТРАМП ГО КАНИ ПУТИН ВО АМЕРИКА Рускиот претседател доби покана за самитот на Г20
Фото: Принтскрин

САД го поканија рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во близина на Мајами. Кремљ потврди дека поканата е примена и соопшти дека Москва ќе ја разгледа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон официјално го поканил Путин на самитот, при што изрази надеж дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата.

„Го поканивме претседателот Путин на Г20. Сметаме дека тоа е можност тој да се ангажира не само со американскиот претседател Доналд Трамп, туку и со другите светски лидери. Се надеваме дека ќе ја прифати поканата“, изјави Рубио на прес-конференција по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Гардијан“.

Од Кремљ соопштија дека поканата е примена со благодарност и дека руската страна дополнително ќе ја разгледа.

CATEGORIES
TAGS
Share This