СУДИЈАТА МУ УДРИ КОНТРА НА ТРАМП Веднаш да ја укине забраната за CNN, MS NOW и Politico
Судот оцени дека медиумите биле отстранети без соодветна законска постапка и можност да се изјаснат.

Фото: Принтскрин
Федералниот судија Тимоти Кели му наложи на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп веднаш да ги врати новинарските акредитации и пристапот до Белата куќа на новинарите на CNN, MS NOW и Politico.
Одлуката следува откако администрацијата на Трамп им забрани на новинарите од овие медиуми да влегуваат во комплексот на Белата куќа.
Судијата Кели оцени дека акредитациите биле одземени без почитување на соодветната законска постапка. Според него, новинарите не биле претходно известени ниту им била дадена можност да се изјаснат за одлуката.
Како што објави CNN, Трамп минатата недела воведе ограничувања за трите медиуми, обвинувајќи ги дека објавуваат „лажни вести“.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест

