ЗЛАТОТО ПОВТОРНО НАД 4100 ДОЛАРИ ЗА УНЦА Цената скокна за пет проценти за една недела, но и натаму е под историскиот рекорд од јануари

Растот доаѓа како резултат на слабеењето на американскиот долар, поевтинувањето на нафтата и очекувањата поврзани со монетарната политика на САД.

ЗЛАТОТО ПОВТОРНО НАД 4100 ДОЛАРИ ЗА УНЦА Цената скокна за пет проценти за една недела, но и натаму е под историскиот рекорд од јануари

Цената на златото повторно бележи раст, надминувајќи 4.100 долари за тројска унца. Во понеделник, 9 ноември, достигна 4.112,90 долари, откако во изминатата недела поскапе за околу пет проценти.

Растот доаѓа како резултат на слабеењето на американскиот долар, поевтинувањето на нафтата и очекувањата поврзани со монетарната политика на САД.

И покрај закрепнувањето, златото сè уште е околу 24 проценти под историскиот рекорд од 5.405 долари за унца, достигнат на 29 јануари.

Нафтата поевтини по сигналите за намалување на ризикот од нови напади врз Иран, додека слабеењето на доларот дополнително ја зголеми привлечноста на златото за инвеститорите.

Иако смирувањето на геополитичките тензии вообичаено ја намалува побарувачката за злато како сигурно засолниште, актуелните движења покажуваат дека на неговата цена влијаат и монетарните очекувања и движењата на валутните пазари.

CATEGORIES
Share This