ЗЕЛЕНСКИ НЕ ОТСТАПУВА – Сега нема повеќе изговори, итно ослободување на 90 милијарди евра за Украина

Украинскиот претседател разговарал со врвни европски лидери за деблокада на помошта.

ЗЕЛЕНСКИ НЕ ОТСТАПУВА – Сега нема повеќе изговори, итно ослободување на 90 милијарди евра за Украина
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе нема оправдување за блокирање на финансиска помош од 90 милијарди евра наменета за Украина.

Во своето вечерно видео обраќање, тој информираше дека разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со цел да се деблокира европскиот пакет за поддршка.

Зеленски нагласи дека станува збор за средства кои веќе биле одобрени од Европскиот совет, но подоцна биле стопирани.

„Ова се 90 милијарди евра за период од две години. Нема повеќе причина тие да останат блокирани“ – порача тој.

Зеленски додава дека Украина очекува Европската унија да ги исполни договорите.

Тој исто така се осврна и на прашањето за санкциите против Русија, истакнувајќи дека нема значаен напредок во нивното заострување.

Според него, притисокот преку санкции е клучен за Русија да не може да продолжи со војната без последици.

CATEGORIES
TAGS
Share This