ЗАЈДИСОНЦЕ, ЕЗЕРО И УМЕТНОСТ Културно лето „Пештани“ започнува вечерва

Покрај традиционалните песни и стихови, посетителите ќе можат да сликаат инспирирани од охридските зајдисонца.

ЗАЈДИСОНЦЕ, ЕЗЕРО И УМЕТНОСТ Културно лето „Пештани“ започнува вечерва
Фото: Принтскрин

Во Пештани вечерва започнува осмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2026“, која ќе трае до 6 август и ќе понуди повеќе културни и уметнички содржини.

Свеченото отворање е закажано за 20:30 часот на песочната плажа во центарот на Пештани. Во рамки на програмата ќе бидат претставени дел од традицијата, обичаите и културните вредности на местото, преку музика, песни, поезија и проза. Манифестацијата и годинава ја поврзува локалната традиција со уметноста и природниот амбиент на Охридското Езеро.

Од утре, па до 6 август, секој ден од 17 часот на истата локација ќе се одржува и „Сликање на зајдисонце“. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да сликаат во природен амбиент, инспирирани од зајдисонцата над Охридското Езеро.

„Културно лето Пештани 2026“ со програмата до 6 август ќе понуди спој на традицијата, музиката и ликовната уметност, во амбиент покрај езерото.

CATEGORIES
Share This