ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ НИЗ МАКЕДОНИЈА Сонце, облаци и засилен ветер во ист ден
УХМР најавува променливо облачно време со сончеви периоди, температури до 33 степени и засилен северен ветер во источните региони.

Фото: Принтскрин
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а дневната температура ќе се движи од 9 до 33 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР).
Според прогнозата, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец со брзина до 40 километри на час, особено изразен во источните делови на земјата.
Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија


