БРУКЛИН БЕКАМ ПОВТОРНО УДРИ ПО СЕМЕЈСТВОТО Една реченица ја крена јавноста на нозе

Рекламата за Светското првенство предизвика лавина реакции и нови шпекулации за односите во семејството Бекам.

БРУКЛИН БЕКАМ ПОВТОРНО УДРИ ПО СЕМЕЈСТВОТО Една реченица ја крена јавноста на нозе
Фото: Принтскрин

Семејните несогласувања во семејството Бекам повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако Бруклин Бекам во нова реклама за DoorDash испрати порака што многумина ја протолкуваа како алузија на нарушените односи со неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам.

Во видеото објавено на Инстаграм, 27-годишниот Бруклин се појавува во својот дом додека најавува дека Светското првенство во фудбал 2026 ќе го следи од дома.

„Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство од дома“, вели тој во рекламата, пред низ насмевка да додаде:

„Тоа е долга приказна.“

Потоа фрла билети за Светското првенство на масичката пред себе, додека на екранот се појавува пораката: „Комплицирано е. Повеќе наскоро.“

Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците оценија дека Бруклин индиректно ги прозива своите родители.

„Кога мораш постојано да го напаѓаш семејството за да останеш релевантен“, напиша еден корисник, додека друг коментираше дека сите веднаш помислиле на „поранешниот капитен на Англија и неговиот син“.

Имаше и директни прашања за односот со неговото семејство, но дел од фановите го бранеа Бруклин, оценувајќи дека покажал смисла за хумор во ситуација која со месеци е под лупа на јавноста.

Рекламата беше објавена само неколку дена откако најмладата ќерка на семејството Бекам, 14-годишната Харпер, беше фотографирана пред домот на својот брат во Беверли Хилс.

Според американските медиуми, таа пристигнала веднаш по церемонијата на која Дејвид Бекам доби ѕвезда на Холивудската патека на славните.

Наводно, Харпер дошла ненајавено и си заминала по кратко време без да го види Бруклин, бидејќи тој и неговата сопруга Никола Пелц не биле дома. Подоцна Бруклин соопшти дека во тој период престојувал во Њујорк.

Тимот на Бруклин Бекам и Никола Пелц тврди дека посетата на Харпер била организирана за медиумско внимание.

„Фотографите биле подготвени уште пред писмото да биде доставено. Тоа кажува сè сцената беше режирана за камерите“, изјавил нивниот портпарол.

Од друга страна, извор близок до Дејвид и Викторија Бекам ги отфрлил ваквите тврдења, нарекувајќи ги „целосна бесмислица“.

Гласините за нарушени односи во семејството Бекам почнаа да се појавуваат по свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц во 2022 година.

Во јануари годинава, Бруклин изјави дека не е заинтересиран за помирување со своето семејство, обвинувајќи ги родителите дека со години ја контролирале приказната за семејството во медиумите.

„Не сум контролиран. За првпат во животот се борам за себе“, изјави тој тогаш.

Бруклин исто така тврдеше дека неговите родители создале „неавтентична семејна слика“ за јавноста и дека преку медиумите се обидувале да го зачуваат својот имиџ.

Во меѓувреме, тој беше единствениот член од семејството кој не присуствуваше на церемонијата на која Дејвид Бекам ја доби својата ѕвезда во Холивуд.

Иако Дејвид и Викторија засега не ги коментираат најновите наводи, рекламата на Бруклин повторно ги отвори прашањата дали помирување меѓу него и остатокот од семејството воопшто е на повидок.

БРУКЛИН БЕКАМ СЕ ОТКАЖА ОД РОДИТЕЛИТЕ ДЕЈВИД И ВИКТОРИЈА – Убаво му е со родителите на сопругата

CATEGORIES
Share This