ВОЗАЧИТЕ, ВНИМАВАЈТЕ – АМСМ посочи четири делници каде треба посебна претпазливост
Зголемена фреквенција на патиштата, влажни коловози и можност од одрони – еве каде се препорачува особено внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, при што на одделни делници коловозите се влажни.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. Според информациите на АМСМ, на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

