ВОЗАЧИ ВНИМАНИЕ „Безбеден град“ од понеделник почнува да снима и во Охрид

На 12 октомври системот се активира на подрачјето на СВР Охрид, откако беа завршени техничките проверки и финалните тестирања.

ВОЗАЧИ ВНИМАНИЕ „Безбеден град“ од понеделник почнува да снима и во Охрид
Фото: Принтскрин

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од понеделник (12 октомври 2026 година) ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека се завршени техничките проверки и финалните тестирања, по што камерите ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците во надлежност на СВР Охрид.

Со активирањето на системот се очекува да се засили и континуирано да се спроведува сообраќајната контрола, побрзо да се откриваат прекршоците и да се зголеми дисциплината на возачите.

Според МВР, целта е да се унапреди безбедноста во сообраќајот и да се намали ризикот од сообраќајни незгоди.

CATEGORIES
Share This