ИРАН МУ ИСПРАТИ УЛТИМАТУМ НА ТРАМП Нема преговори со САД додека не се исполнат седумте услови

Главниот ирански преговарач Калибаф порача дека Техеран нема да отстапи од своите барања и дека е подготвен да одговори на секој непријателски потег.

ИРАН МУ ИСПРАТИ УЛТИМАТУМ НА ТРАМП Нема преговори со САД додека не се исполнат седумте услови
Фото: Принтскрин

Иран нема намера да отстапи од своите барања кон Соединетите Американски Држави и нема да започне преговори со Вашингтон сè додека не бидат исполнети седумте услови на Техеран. Ова го порача претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Багер Калибаф, оценувајќи дека американските закани и навреди се „знак на очајот на Американците“.

„Нашиот став останува ист како што објавивме претходно: нема да има акции, нема преговори сè додека не се исполнат седумте услови на Иран“, изјави Калибаф, пренесе иранската новинска агенција Фарс.

Тој нагласи дека Иран е подготвен решително да одговори на секој непријателски потег од страна на САД, со што повторно ја потврди цврстата позиција на Техеран во односите со Вашингтон. Хамнеи повика на зголемување на населението: „Тоа е важно за националната безбедност“

CATEGORIES
Share This