ОД 9 ЧАСОТ ЧЕШМИТЕ ЌЕ ПРЕСУШАТ Три скопски улици денеска без вода
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Партениј Зографски“, дел од жителите на општина Центар ќе останат без вода до отстранување на дефектот.

Фото: Национал
Жителите на дел од општина Центар денеска ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа. Без вода ќе останат дел од домаќинствата на три скопски улици, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Станува збор за уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Партениј Зографски“ бр. 85. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот наутро, а водата повторно ќе биде пуштена по целосното отстранување на дефектот.
Без вода ќе останат дел од корисниците на следните улици:
-
„Партениј Зографски“
-
„Ацо Караманов“
-
„Периша Савелиќ“
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе трае до завршување на работите за санација на дефектот.
CATEGORIES Македонија

