ПОПЛАДНЕ НЕВРЕМЕ Дожд, грмежи и засилен ветер
Променливо облачно време со сончеви периоди претпладне, а температурите ќе се движат од 9 до 28 степени. Нестабилно ќе биде и во Скопје.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Температурите ќе се движат од 9 до 28 степени.
Попладне и во вечерните часови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. На места ќе има нестабилно време со пороен и пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија

