ВОЕНА ЕСКАЛАЦИЈА НА МОРЕ – Иран подготвува план за целосна контрола на Хормускиот теснец
Иранскиот парламент разгледува нацрт-закон за нов режим на Ормускиот теснец.

Заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хамидреза Хаџибабаеи, соопшти дека е подготвен нацрт-закон за управување со Ормускиот теснец, кој предвидува нови ограничувања за поминување на бродови.
Според нацртот, на израелските бродови би им се забранило трајно да минуваат низ теснецот. За бродови од САД и други, како што се наведува „непријателски држави“, преминот би бил возможен само под одредени услови, вклучително и плаќање „репарации“.
Иранските претставници тврдат дека мерките ќе се спроведуваат во согласност со меѓународното право и дека контролата врз теснецот нема да се врати на претходното ниво. Дел од предложениот систем вклучува и дозволи за пловидба, како и надоместоци кои би се распределувале за воена и економска намена.
Пратениците го споредуваат овој план со историски настани како национализацијата на нафтената индустрија во Иран во 1951 година, нагласувајќи ја стратешката важност на Хормускиот теснец.
Од друга страна, се наведува дека САД предупредиле на можни санкции кон компании или држави кои би соработувале со вакви мерки.
Хормускиот теснец останува еден од најважните светски поморски коридори, низ кој поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта и гас.
