ВО ВТОРНИК НА 11 АВГУСТ Скопје под авионска дезинсекција против комарци

Дезинсекцијата ќе се спроведе во раните утрински часови, а пчеларите се повикуваат навремено да ги заштитат пчелите.

ВО ВТОРНИК НА 11 АВГУСТ Скопје под авионска дезинсекција против комарци
Фото: Принтскрин

Град Скопје информира дека во вторник, 11 август 2026 година, ќе биде спроведена авионска дезинсекција на подрачјето на градот, со цел сузбивање на ларвите од комарци.

Дезинсекцијата ќе се изврши во раните утрински часови.

Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, таа ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови, во истиот временски термин.

Од градските власти апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

CATEGORIES
Share This