27 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Огнот беснееше низ Македонија, еден пожар сè уште под контрола

ЦУК информира дека 26 пожари се целосно изгаснати, додека пожарот на депонијата во Делчево е ставен под контрола.

27 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Огнот беснееше низ Македонија, еден пожар сè уште под контрола
Фото: Принтскрин

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните податоци, во моментов нема активни пожари. Од регистрираните 27 случаи, 26 се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола.

Пожарот кој сè уште се следи е регистриран на депонијата во Делчево. Во текот на изминатите 24 часа, пожарникарите интервенирале во повеќе општини низ државата. Гореле ниска вегетација, грмушки, стрништа, отпад и депонии, а на неколку локации огнот зафатил и нискостеблеста и деградирана шума.

Пожари биле регистрирани во Петровец, Карпош, Бутел, Гостивар, Тетово, Василево, Кичево, Могила, Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Карбинци, Врапчиште, Сарај, Кисела Вода, Арачиново, Илинден, Центар Жупа, Боговиње, Новаци и Долнени.

Најголем дел од интервенциите биле поради пожари на ниска вегетација и стрништа, додека дел од пожарите избувнале на депонии и локации каде што имало отпад. Од ЦУК информираат дека до 07:30 часот нема регистриран активен пожар на отворен простор во државата, а состојбата на теренот продолжува да се следи.

ПОЖАРИ НАСЕКАДЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА 22 огнени жаришта, еве каде гореше

CATEGORIES
Share This