ВНИМАНИЕ СКОПЈЕ Денес без вода и струја на повеќе локации
Проверете дали сте на списокот - прекини во Центар, Бутел, Шуто Оризари и Илинден.

Фото: Национал
Денеска дел од скопјани ќе останат без вода или електрична енергија поради планирани интервенции на мрежата.
Без вода во Центар
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради изведување на водоводен приклучок Ф-80 мм на улицата „Владимир Полежиновски“ бр. 17, ќе има прекин во водоснабдувањето кај корисниците од дел од улицата „Владимир Полежиновски“ и дел од улицата „20-ти Октомври“.
Прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Каде денес ќе нема струја?
Од ЕВН Македонија АД известуваат за прекини во снабдувањето со електрична енергија на следните локации:
- 07:55–09:55 часот: дел од улиците „Никола Петров“, „Груица Војвода“ и „Македонска Бригада“, општина Бутел.
- 08:30–11:00 часот: улица „Гвадалахара“ кај гробиштата Бутел и улица „Македонско Косовска Бригада“ – улица 42, општина Шуто Оризари.
- 09:00–13:00 часот: улиците број 10 и 521 во село Кадино, општина Илинден.
- 10:15–12:15 часот: дел од улиците „Бетовенова“ и „Адем Кастрати“, општина Бутел.
CATEGORIES Македонија

