БРИТАНИЈА И ЕУ ПРЕД ГОЛЕМ ДОГОВОР Се укинуваат трговските бариери за храна, економска корист од 6,1 милијарди евра

Лондон и Брисел очекуваат на денешниот самит да постигнат договор за олеснување на трговијата со прехранбени производи и поголема мобилност на младите, во обид да ги подобрат меѓусебните односи по Брегзит

БРИТАНИЈА И ЕУ ПРЕД ГОЛЕМ ДОГОВОР Се укинуваат трговските бариери за храна, економска корист од 6,1 милијарди евра
Фото: Принтскрин

Велика Британија и Европската Унија се надеваат дека на денешниот самит ќе постигнат договор за олеснување на трговијата со прехранбени производи и мобилноста на младите луѓе, објавува „Ројтерс“.

Еден од клучните договори предвидува значително намалување на административните и трговските пречки, со што би се овозможила размена на животни, растенија и производи како колбаси и семиња без досегашните задолжителни сертификати и контроли.

Според проценките на британската влада, ваквиот договор би можел да ѝ донесе на британската економија економска корист од дури 6,1 милијарди евра годишно.

Покрај трговијата, разговорите опфаќаат и прашања поврзани со мобилноста на младите луѓе, како дел од пошироките напори за обновување на односите меѓу Лондон и Брисел.

Сепак, и покрај очекувањата за напредок, меѓу двете страни сè уште постојат несогласувања по одредени прашања, па останува да се види дали на самитот ќе биде постигнат конечен договор.

CATEGORIES
Share This