НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА Без подолги задржувања на границите

Коловозите суви, умерена фреквенција надвор од градските средини - отворен и патот Охрид–Ресен преку Галичица

НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА Без подолги задржувања на границите
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This