ДЕЛОВИ ОД ЦЕНТАР БЕЗ ВОДА, ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ БЕЗ СТРУЈА Проверете дали сте на списокот за денеска

Поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа, дел од корисниците во општина Центар ќе останат без вода, додека ЕВН најави прекини во снабдувањето со електрична енергија во Гази Баба, Петровец и Сопиште.

ДЕЛОВИ ОД ЦЕНТАР БЕЗ ВОДА, ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ БЕЗ СТРУЈА Проверете дали сте на списокот за денеска
Фото: Национал

Денеска повеќе локации во Скопје и околината ќе имаат прекини во водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на приклучна цевка Ф-3 на улицата „Славејко Арсов“ бр. 81, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, во општина Центар. Прекинот започнува во 09:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Без вода ќе останат и корисниците на дел од улицата „Христо Смирненски“, односно потегот од „Зур Маркет“ до булеварот „Партизански одреди“, поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на број 17. Водоснабдувањето на оваа локација ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на следните локации: Гази Баба: од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата „Франц Лист“, Петровец: од 08:00 до 14:00 часот, дел од Ќојлија, индустриска зона – КИППЕР, КОБРА ПАНЕЛ и ПОДРАВКА и Сопиште: од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од Црвена ПРС и месноста Осојница.

Од надлежните претпријатија информираат дека прекините се поради планирани активности и интервенции на мрежата, односно санација на дефектот во случајот со водоснабдувањето.

CATEGORIES
Share This