ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВААТ Далибор Богданов избран за претседател на Општинскиот комитет Чешиново Облешево
Овој изборен циклус носи и значајна новина - за првпат се воведува можноста за самокандидирање за претседатели на општинските комитети.

Синоќа, за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Чешиново-Облешево, со нов четиригодишен мандат беше избран Далибор Богданов.
Согласно член 37 од Статутот на партијата, во тек е изборниот процес за избор на претседатели на сите општински комитети на Единствена Македонија.
Овој изборен циклус носи и значајна новина – за првпат се воведува можноста за самокандидирање за претседатели на општинските комитети. Со тоа, Единствена Македонија дополнително се отвора кон сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и со својот ангажман да придонесат кон остварувањето на визијата и целите на партијата.
Сите заинтересирани можат да ја достават својата намера за кандидатура по електронски пат на press@edinstvenamakedonija.mk или преку инбокс на официјалната Фејсбук страница на Единствена Македонија.
Приклучи се на Единствена Македонија!
Цела Македонија – Единствена Македонија!



