ЧАДОТ СЕ ГЛЕДА ОД ЦЕЛО СКОПЈЕ Пожар избувна во Гази Баба

Густ чад се издига над парк-шумата и се забележува од повеќе делови на Скопје, а пожарникари веќе се на терен.

ЧАДОТ СЕ ГЛЕДА ОД ЦЕЛО СКОПЈЕ Пожар избувна во Гази Баба
Фото: Национал

Пожар избувна денеска во парк-шумата Гази Баба во Скопје, а на терен веќе се екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје кои интервенираат. Загрижени граѓани испратија фотографии до редакцијата на „Национал“, на кои се гледа густ чад кој се издига над парк-шумата и е забележлив од повеќе локации во главниот град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека за пожарот е известена Противпожарната бригада и дека пожарникари се упатени на терен. И од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потврдија дека екипи на Скопската пожарна се на терен и работат на локализирање на пожарот.

CATEGORIES
Share This