ВЛАДАТА ГО МЕНУВА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ – Некои ќе добијат поголем профит, други поголема сигурност

Министерството подготвува реформа која целосно го менува начинот на инвестирање на пензиските заштеди.

ВЛАДАТА ГО МЕНУВА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ – Некои ќе добијат поголем профит, други поголема сигурност
Фото: Принтскрин

Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи во управувањето со средствата од вториот и третиот пензиски столб, со цел да се зголемат ефикасноста и сигурноста на пензиските заштеди.

Најважната новина е воведувањето на таканаречени мултифондови, кои ќе овозможат различни стратегии на инвестирање во зависност од возраста на осигурениците и преостанатото време до пензионирање.

Според новиот модел, средствата ќе се распределуваат според јасно дефинирани возрасни групи. За осигурениците до 45 години се предвидува вложување во растечки или балансирани портфолија, со поголем ризик, но и потенцијално повисоки приноси. Лицата на возраст од 45 до 57 години ќе имаат можност за избор меѓу растечко, балансирано или конзервативно портфолио, во зависност од личната толеранција на ризик. За осигурениците над 57 години, приоритет ќе биде ставен на балансирани и конзервативни вложувања, со фокус на сигурност и зачувување на вредноста на средствата.

Реформите се воведуваат како одговор на сегашниот систем, кој се оценува како недоволно флексибилен. Во моментов, околу 30% од средствата се инвестираат во акции со променлив принос, што може да претставува ризик за лицата блиску до пензионирање.

Со новиот пристап се очекува помладите осигуреници, чија просечна возраст е околу 37 години, да имаат можност за повисоки приноси преку поагресивни инвестиции, додека повозрасните категории ќе добијат поголема стабилност и заштита на своите пензиски заштеди.

CATEGORIES
Share This