ЏЕНСЕН ХУАНГ ЗАМИНУВА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА Акциите на „Енвидија“ паѓаат за 10 проценти

Веста предизвика потрес на финансиските пазари, при што акциите на компанијата паднаа за околу 10 проценти во претпазарното тргување, со што нејзината пазарна вредност се приближи до границата од четири билиони долари.

ЏЕНСЕН ХУАНГ ЗАМИНУВА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА Акциите на „Енвидија“ паѓаат за 10 проценти

Џенсен Хуанг, првиот човек на технолошкиот гигант „Енвидија“, поднесе оставка само неколку дена по обелоденувањето на наводна љубовна афера со Алис Хуанг, која е под истрага поради сомнежи за шпионажа во корист на Кина.

За привремена извршна директорка е именувана досегашната финансиска директорка Колет Крес, додека компанијата ќе бара траен наследник. Харви Џонс е назначен за прв претседател на одборот во историјата на „Енвидија“.

Веста предизвика потрес на финансиските пазари, при што акциите на компанијата паднаа за околу 10 проценти во претпазарното тргување, со што нејзината пазарна вредност се приближи до границата од четири билиони долари.

Случајот е поврзан со Алис Хуанг, основачка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која станала еден од најголемите купувачи на чипови на „Енвидија“ во Југоисточна Азија. Компанијата увезла производи во вредност од над 4,6 милијарди долари, а дел од хардверот го изнајмувала на кинескиот технолошки гигант „Алибаба“.

Американските власти изразиле загриженост дека преку земјите од Југоисточна Азија напредните чипови на „Енвидија“ би можеле да завршат во Кина, каде што нивниот извоз е ограничен.

Алис Хуанг, која живее во Пекинг, е опфатена со истрага во Сингапур. Таа и компанијата „Мегаспид“ ги негираат обвинувањата за незаконско постапување.

CATEGORIES
Share This