ПРЕТСТАВАТА ЦРНО ЗЛАТО ДОАЃА НА СЦЕНАТА НА МНТ Дуковски и Унковски подготвуваат нова театарска премиера
Во актерската екипа се некои од најпознатите македонски театарски имиња.

Македонскиот народен театар на 27 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, ќе ја одржи премиерата на претставата „Црно злато“, создадена според текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерата е закажана за 26 ноември.
Во актерската екипа настапуваат Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Авторскиот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистент на режисерот е Звездана Ангеловска, на сценографот Мартин Манев, а на костимографот Никола Булески.
За продукцијата се задолжени извршните продуценти Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.
Дизајнот на плакатот и програмскиот каталог е реализиран со креативна поддршка на Publicis Groupe, на кои МНТ им упатува благодарност за соработката.
По премиерата, „Црно злато“ ќе се игра и на 1, 4 и 29 декември, секогаш со почеток во 20 часот.
Билетите се достапни преку интернет-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата на МНТ, која работи секој работен ден од 13 до 20 часот.

