ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ Македонија дозна со кого би можела да игра
Македонија според актуелните проекции останува во Лигата Б, но ја очекуваат поинакви противници и нов систем на натпреварување.

УЕФА одлучи да ја укине Лигата Д, па од сезоната 2028/29 натпреварувањето ќе се одвива во три ранга – А, Б и Ц. Лигите А и Б ќе имаат по 18 репрезентации, а Лигата Ц ќе брои 19 селекции. Наместо досегашните четири групи со по четири репрезентации, ќе има три групи со по шест селекции, додека во Лигата Ц една група ќе брои седум репрезентации.
Секоја селекција повторно ќе одигра шест натпревари, но против пет различни противници. Против една репрезентација ќе игра двапати, дома и на гости, а против останатите четири по еднаш.
За Македонија, која за првпат настапува во Лигата Б, најважно е да го заврши актуелното издание на натпреварувањето. На избраниците на Гоце Седлоски им претстојат гостување кај Шкотска и домашен дуел со Словенија. Третото место носи директен опстанок, додека четвртото води во бараж.
Според проекциите на „Фудбал Митс Дата“, Македонија засега е во Лигата Б и во третиот шешир, заедно со Романија, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд. Во првиот шешир се БиХ, Турција, Чешка, Унгарија, Словенија и Косово, а во вториот Ирска, Украина, Полска, Шкотска, Грузија и Израел.
Тоа значи дека доколку проекциите се остварат, Македонија ќе добие пет противници од овие три шешири, во новиот формат на Лигата на нации.

