ЛУКСУЗ И ЗАБРАНИ – Вистината за најелитниот моден настан во светот

На Мет Гала нема место за лица под 18 години и астрономски цени за влез до 100.000 долари по билет.

ЛУКСУЗ И ЗАБРАНИ – Вистината за најелитниот моден настан во светот
Фото: Принтскрин

Мај повторно го означува почетокот на најочекуваниот моден настан во годината – Met Gala, кој традиционално се одржува секој прв понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк. Иако изгледа како раскошна забава на славни личности, зад него стои строго организиран настан со јасни правила и висока ексклузивност.

Мет Гала е затворен настан и влезот е возможен единствено со покана од главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Дури и најпознатите личности не можат да присуствуваат без официјално одобрување. Секоја година се прави листа од стотици кандидати, која на крај се сведува на околу 400 гости.

Во последните години важи правило дека на настанот не се дозволени лица под 18 години. Иако во минатото присуствувале и помлади ѕвезди, денес организаторите го сметаат настанот за несоодветен за тинејџери.

Иако билет не може директно да се купи, влезот сепак е скап. Цените достигнуваат и до 100.000 долари по билет, додека маса може да чини околу 350.000 долари. Најчесто овие трошоци ги покриваат модни брендови или дизајнери кои ги покануваат ѕвездите и ги облекуваат за вечерта.

На Мет Гала нема селфиња и нема објави на социјални мрежи. Користењето мобилни телефони е строго ограничено со цел да се зачува ексклузивноста и приватноста на настанот.

Гостите не избираат каде ќе седат. Распоредот го одредуваат организаторите, со цел да поттикнат комуникација меѓу луѓе кои инаку не би се сретнале. Дури и брачните парови често се сместуваат одделно.

Менито е внимателно одбрано, а одредени состојки како кромид, лук, власец и магдонос се избегнуваат поради мирис или практични причини.

Пушењето во просториите на музејот е строго забрането, иако во минатото имало случаи на прекршување на правилата.

Мет Гала останува симбол на моден гламур, но и на строга контрола и ексклузивност, каде секој детаљ од листата на гости до тоа каде ќе седите е однапред внимателно испланиран.

CATEGORIES
Share This