(ВИДЕО) НОВА ВОЈНА НА ПРАГ – Исламисти нападнаа повеќе градови истовремено, Бамако под опсада

Истовремени напади во Бамако, Кати, Мопти, Гао и Кидал укажуваат на високо ниво на организација.

(ВИДЕО) НОВА ВОЈНА НА ПРАГ – Исламисти нападнаа повеќе градови истовремено, Бамако под опсада
Фото: Принтскрин

Додека сите очи се свртени кон војната на Блискиот Исток и руско-украинската војна, денеска избувна уште една војна. Во Мали повторно ескалира насилството, откако вооружени и исламистички групи извршија координирани напади на повеќе локации низ земјата, вклучително и во главниот град Бамако. Меѓу целите беа аеродромот, воени касарни и други стратешки позиции, а според извештаите, мета на напаѓачите бил и високиот воен командант кој ја предводи државната власт.

Според локалните информации, борби избувнале во близина на воениот камп Сеноу, кој се наоѓа покрај меѓународниот аеродром Бамако-Сеноу. Ситуацијата останала тензична по серијата синхронизирани напади извршени во раните утрински часови.

Нападите опфатиле повеќе региони, меѓу кои Сеноу и Кати во близина на главниот град, како и Севаре, Мопти, Гао и Кидал, што укажува на добро координирана акција на вооружените групи. Пријавени се интензивни судири во неколку области, а жителите сведочат за силни експлозии и истрели.

Меѓу пријавените цели биле и меѓународниот аеродром во Бамако, како и резиденцијата на министерот за одбрана во Кати. Во Кидал се воделе тешки борби.

Армијата соопшти дека станува збор за напади од страна на неидентификувани вооружени терористички групи врз стратешки објекти и воени бази, и ги повика граѓаните да останат смирени и внимателни.

Безбедносните сили, според соопштението, се ангажирани во операциите за неутрализирање на напаѓачите.

Мали повеќе од една деценија се соочува со постојана нестабилност и напади од вооружени групи, а слични инциденти беа регистрирани и во 2024 година, вклучително и во реонот на Кати и околината на аеродромот Сеноу.

CATEGORIES
TAGS
Share This