МЕГА ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА – Се гради, се сече, се спојува, еве што се работи

Проектот Кичево-Охрид по повеќе од една деценија конечно влегува во завршна фаза.

МЕГА ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА – Се гради, се сече, се спојува, еве што се работи
Фото: Национал

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека работите на Коридор 8 и автопатот Кичево-Охрид се во завршна фаза. Според него, 37 км се завршени, од кои 34 км се веќе во функција, а целиот проект се очекува да биде готов до крајот на годината.

Тој нагласи дека останува делницата Струга-Ќафасан, каде има предизвици поврзани со УНЕСКО, но очекува договор за трасата во јуни. Граничниот премин Ќафасан е реконструиран, а следи негово проширување.

Николоски посочи дека Владата значително напредувала во инфраструктурните проекти, вклучувајќи автопати, експресни патишта и гранични премини, како и железничко поврзување со Бугарија. Во тек се и нови проекти, меѓу кои обиколница на Скопје и градски воз.

Тој најави и реконструкција и изградба на нови железнички линии кон Кичево и Бугарија, како и големи инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

Во однос на автопатот Прилеп-Битола, истакна дека проектот напредува, но има проблеми со пристап до дел од теренот, што предизвикува дополнителни трошоци.

CATEGORIES
Share This