ВНИМАНИЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ Влажни коловози и опасност од одрони на неколку патни правци

АМСМ предупредува на можни одрони на неколку делници, додека на граничните премини нема подолги задржувања. Патот Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона.

ВНИМАНИЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ Влажни коловози и опасност од одрони на неколку патни правци
Фото: Принтскрин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но поради претежно влажните коловози од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни и да ја приспособат брзината на условите на патот. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ предупредува на можност од појава на одрони на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Особено внимателно треба да се вози на следните делници: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.

Во сила е сезонскиот режим на сообраќај. Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со најголема дозволена маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This