ПАНИКА ВО СКОПЈЕ – Евакуиран „Сити мол“ по дојава за бомба

Посетителите и вработените безбедно евакуирани, следуваат детални проверки.

ПАНИКА ВО СКОПЈЕ – Евакуиран „Сити мол“ по дојава за бомба
Фото: Национал

Посетителите и вработените во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска беа евакуирани поради дојава за поставена бомба. На терен има засилено полициско присуство, особено во близина на раскрсницата кај објектот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 25 април 2026 година била примена заканувачка порака по електронски пат, во која се наведува дека во трговскиот центар се поставени експлозивни направи. Полицијата веднаш презела мерки и врши детални проверки.

Ова е втор последователен викенд со слични инциденти. Минатата недела беа евакуирани и трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд мол“.

CATEGORIES
Share This